Платата на наставниците во Венецуела е околу 20 долари месечно, што е околу пет отсто од сумата потребна за прехранување на петчлено семејство во таа јужноамериканска земја.
Поради лошите плати и условите за работа, наставниците во државните училишта оваа година демонстрираа ширум земјата, барајќи повисоки плати и повеќе државни средства за образованието, пренесува Блумберг.
Агенцијата наведува дека владата не ги исполнила своите ветувања за зголемување на платите на јавните работници, па многу од нив мака мачат да ги прехранат своите семејства, пренесува Танјуг.
Поради лошите услови за работа и ниските плати, меѓу 2018 и 2021 година, околу 68.000 наставници од основните и средните училишта ја напуштиле Венецуела, според истражувањето на меѓународната консултантска фирма „DevTech Systems Inc“.