Платите на лекарите специјалисти в година ќе стигнат до 100 илјади денари

by fokus

Во однос на одливот на кадри продолжуваме со нашите политики за инвестирање во човечкиот капитал после зголемувањето на платите и дежурствата на здравствените работници минатата и оваа година продолжуваме и натаму.

Во овој момент се прават пресметки за тоа колкава сума на пари од централниот буџет треба да се одобри и да се зголемат дополнително платите на лекарите специјалисти, со цел согласно нашите ветувања следната година да стигнат до 100 илјади денари, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Не ги забораваме и медицински сестри и средниот персонал кој е составен дел во работата на сите јавни здравствени институции за зголемување и на нивните примања, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање пред почнувањето на 41. Пленарен состанок на здравствената мрежа на Југоисточна Европа за работната сила во здравството во регионот на ЈИЕ.

Поврзани новости