Голем број на граѓани во тек на вчерашниот ден добиле фактури за подмирување на Радио – дифузната такса, па збунети од најавите за нејзино укинување, не знаат дали треба да ја платат.
Некои од нив се обратија до нашата редакција, со цел да се информираат по повод ова прашање.
Радио – дифузната такса, сепак сеуште мора да се плаќа.
Во контекст на најавата за укинување на Радио-дифузната такса, Македонската радио- телевизија ги информира граѓаните дека одлуката за плаќање е сѐ уште во сила и апелира навреме да се подмират долговите за оваа давачка. Во спротивно, јавниот сервис, соопштува дека, согласно законските прописи, Управата за јавни приходи ќе изврши присилна наплата на финаниските средства.
Радио-дифузната такса нема да се укинува пред ребалансот на буџетот. Премиерот Заев вели дека тоа ќе се случи откако за Јавниот сервис ќе се обезбеди стабилно финанисрање.
Вики Клинчарова