Пластичен хирург го тужи Кристијано Роналдо за долг од околу 50 илјади евра

by Fokus

Англискиот таблоид „Sun“ откри како познатиот британски хирург Рошан Равиндран решил да го тужи Кристијано Роналдо за долг кој наводно е околу 40 илјади фунти (околу 48 илјади евра).

Според информациите, Равиндран, попознат како „Д-р Рос“, тврди дека Португалецот му останал должен за третманите направени во 2021 и 2022 година, по враќањето во Манчестер Јунајтед.

Специјалитетите на поранешниот кардиолог вклучуваат ботокс и филери, нега на кожата и кревање веѓи.

Равиндран не ја спомна партнерката на Роналдо, Георгина Родригез (30), но тврди дека тој работел за Роналдо „и членовите на неговото семејство и придружбата“ во неговата клиника во Чешир.

За целата ситуација хирургот рече:

„Правниот процес е во тек, а јас како професионалец не можам да откријам детали за моите пациенти. Се ќе дознаете кога ќе дојде време“.

Роналдо моментно игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, а се проценува дека добива нешто повеќе од 200 милиони евра годишно.

Поврзани новости