Планинарите реагираат: Планинарскиот дом на Водно насилно преземен од новоформиран клуб!

by Fokus

Повеќе планинари бурно реагираат дека, според нивните информации, во текот на вчерашниот ден во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на планината Водно во Скопје, е извршен насилен упад и домот е предаден во рацете на Х20 планинарскиот клуб.

„И покрај пандемијата, заложбите на Владата за владеење на правото, во планинарскиот дом е направен насилен упад од претставниците на ФПСМ, претседателот и поранешниот претседател на „Бистра“, поткрепени од претставниците од планинарското новоформирано друштво Х2О. Истиот е направен без судски налог и без присуство на претставниците на ПСК Бистра и полиција“, реагираат од ПКС Бистра.

Фото – ПСК Бистра

Поврзани новости