448
Еколошкото друштво „Грин Пауер“, денеска во Велес ќе има средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.
Како што информираа планинарите, ќе се дебатира на тема „Екологија, еколошки проблеми во Велес и заштита на животна средина“.
На амбасадорот ќе му се појаснат и проблемите со гасоводот на Водно, планинарските домови, проблемите со ѓубрето, дивата сеча, немањето регионална депонија за цврст комунален отпад.
Група граѓани деновиве формираат „жив штит“, со цел прекин на изградбата на гасоводот на Водно.