Актерот Јордан Витанов (65) е добитник на наградата ,,Петре Прличко” за животно дело, која се доделува во рамките на фестивалот на комедијата „5ре”.
Истата ќе му биде врачена на Витанов на отворањето на фестивалот, кое ќе се случи во понеделник, на 15-ти мај во Велес. Станува збор за доделување на плакета и паричен износ од 500 евра.
Инаку, велешкиот актер Витанов периодов е актуелен со претставата ,,Татко”, а зад себе има бројни улоги во ТВ филмови и серии.
Десет години беше директор на на Народниот театар во Велес „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а беше разрешен од функцијата во 2017 година, од страна на тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски. Во неговото време на директорување беше изграден новиот објект на Велешкиот театар.
Наградата била доделена од страна на жири, чиј претседател е Игор Џамбазов, кој минатата година беше добитник на истата.
Тогаш Џамбазов истакна дека на наградата гледа како на негово оддолжување кон дедо му Петре. Изјави дека верува во судбина, а наградата била како некоја комуникација помеѓу нив двајцата.
Вики Клинчарова