Арсовска ја блокираа од стариот Скопски саем за 156 милиони денари, Град Скопје е во минус

by Fokus

Сметката на Град Скопје, кој во моментот е под водство на актуелната градоначалничка Данела Арсовска е блокирана од стариот Скопски саем, за долг од 100 милиони денари, додека извршното решение е 156 милиони денари, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, сметката е блокирана поради долг од пред 10 години, за кој судскиот процес завршил пред извесно време, но сега со присилна наплата се повлекуваат парите. Инаку, Скопски саем во моментот е во стечај.

Тоа што е страшно во целата приказна е што е блокирана буџетската сметка, преку која се вршат сите плаќања кон доверители, се префрлаат плати за субвенции на јавните претпријатија и се делат плати на вработените. Во превод тоа значи, дека се што оди преку сметката на Град Скопје е закочено.

Арсовска како и по традиција, кога не и одговараат прашањата, не дава повратни одговори. Во прилог прашањата, кои „Фокус“ ги испрати до Градот:

1. Може ли да ни кажете за која сума на пари е блокирана сметката на Град Скопје и од која фирма?
2. Точни ли се информациите дека Градот е пред банкрот?
3. Кои се други други фирми се закануваат со извршители?
4. Која е причината што дел од медиумите денеска не беа поканети на официјалниот брифинг на градоначалничката Данела Арсовска со новинарите?

На ниту едно од овие прашања не добивме одговори.

Нашите извори уште тврдат дека стигнале и неколку писма со долгови, за судски постапки, кои веќе се завршени. Но, главните проблеми се тоа што Градот Скопје според нашите информации во моментот располагал со сума од околу 10 милиони денари, што значи дека бил пред банкрот. Тоа значи дека ако тие 156 милиони денари се наплатени од буџетската сметка, Градот останува на нула, поточно оди во минус.

Во ваква тешка финансиска состојба, Градот Скопје не бил за време на мандатите на ниту еден од досегашните градоначалници.

Во периодот кога градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски го напуштил градоначалничкото столче, на својот наследник од СДСМ, Петре Шилегов му оставил буџетска сметка од 810 милиони денари, додека пак тој на Арсовска и остава 770 милиони денари.

Од таму денеска  излегоа само со официјално соопштение во кое демантираат дека Град Скопје е блокиран.

Ирена Мулачка

Поврзани новости