426
Играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ го продолжи договорот со клубот. Новиот договор на босанскиот репрезентативец е до 2023 година, објави официјалната веб-страница на гигантот на Италија.
Пјаниќ е дел од составот на Јувентус од 2016 година и два пати ја освоил шампионската титула на Италија со „бјанконерите“. Досега има 92 натпревари и 15 гола во дресот на „Старата дама“.
Во својата кариера, 28-годишниот Пјаниќ играше за Мец, Лион и Рома.
Неговиот стар договор со Јуве истекува во 2021 година. Годишната плата, според новиот договор, ќе изнесува 6,5 милиони евра плус бонуси.