Од 31-ви август до 4-ти септември на плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи пивскиот фестивал Пивофест, кој е во организација на Град Скопје. Предвидени се две сцени во тек на пет-дневниот настан, и најавено е учество на повеќе од 50 артисти. ДНК, Бени и Нон Стоп, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Принц, Фолтин и многу изведувачи веќе се потврдени на официјалната страница на настанот.
За најмладите пак, ќе има забава со Поточиња. Пиволенд за последен пат се одржа во 2017 година, со локација на Скопско Кале. Тоа беше десетто издание на настанот, а гостуваа САРС, Игор Џамбазов, Ван Гог, Неверне Бебе и многу други. Наредната година фестивалот доби ново име – „Skopje Beer Fest“ и се одржа на Стадионот на АРМ.
Од Град Скопје тогаш изјавија дека го ребрендираат фестивалот и очекуваат да добие интернационални размери. Во минатото музички гости беа Гоце Арнаудов, Есма Реџепова, Бајага, Забрањено пушење, Кирил Џајковски, Паркети, Васил Хаџиманов и други.
Вики Клинчарова