Пивара Скопје и Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија: Продуктивно партнерство за докажан развој и позитивни резултати

by fokus

2020та година за Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија беше јубилејна година, како ретроспектива на реализираниот успех и напредок низ годините. Но секако истата беше и потсетување на јавноста за фактот што Комората стана пример за бројни институции ширум државата за правилното поттикнување на продуктивниот развој на индустриите, преку рамномерно распределена поддршка на членките на Комората.

На 9ти декември 2020та година, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во време на пандемија, преку добра и соодветно имплементирана организација, го организираше 10-годишното јубилејно издание на својот традиционален ТОП 100 настан, преку кој секоја година се наградуваат и истакнуваат најуспешните компании во земјата, кои се воедно и членки на Комората, кои достигнале значаен успех и позитивни резултати во изминатата година во одредени и различни сегменти, како што се инвестициите, зголемувањето и задржувањето на вработените, подобрување на квалитетот, капацитетот на производство, итн.

Пивара Скопје е една од компаниите што го поддржуваше овој настан. Пивара Скопје како компанија, односно македонско трговско друштво за производство на пиво и безалкохолни пијалаци, постои скоро 100 години и е основана во 20те години во 20 век. Пивара Скопје уште од своите зачетоци е фокусирана на иновативност, обновување на своите краткорочни и долгорочни цели, подобрување на својот производствен капацитет, проширување и одржување на највисок квалитет на своето портфолио на пијалаци, како и инвестирање во знаењето на своите вработени, како клучна алка во својот успех.

Пивара Скопје е дел од системите на Coca-Cola HBC и HEINEKEN N.V., а генерален директор е Горан Сладиќ, кој се наоѓа на позицијата од септември 2020 година, кога го презема раководството од Дан Тимотин, кој пак е унапреден во генерален директор на Coca-Cola HBC за Чешка и Словачка.

На почетокот Пивара Скопје била позната како Парна пиварница Скопје како индустриско претпријатие, основано од двајца Чеси, инженерот Виктор Цајс и банкарот Карел Хусник, со инвестиција од тогашни три милиони динари. Инвестицијата наредната година се дуплирала, а веќе во 1924 година истата била еднаква на девет милиони динари. Тогашниот производствен капацитет на пиварницата бил 35.000 хектролитри пиво, 720 тони слад за пиво и 1.500 тони мраз.

Во 2003 година, Пивара Скопје реализира инвестиција во висина од 55 милиони долари кога беа пуштени нови супермодерни постројки за производство на пиво и безалкохолни пијалаци, преку кое компанијата го зголемува производството на своите брендови на пиво, СКОПСКО и Горско, како и на безалкохолните пијалаци под брендот Coca-Cola за дополнителни 100 милиони литри. А веќе по 2017 реализира нова инвестиција од 1,4 милиони евра за нова опрема за полнење со кое се зголемени производствените капацитети до милион шишиња за едно деноноќие. Компанијата во своето портфолио има 5 основни пивски брендови со 70 типови на пакувања на пиво, како и 22 основни брендови на безалкохолни пијалаци со 91 тип на пакувања на безалкохолни пијалаци, со над 13.000 купувачи со кои соработува на дневно ниво, 1000 локални добавувачи, итн.

Со добиени највисоки признанија за квалитетот на СКОПСКО како и за квалитетот на Coca-Cola, Пивара Скопје продолжува со одржливиот развој, со јакнењето на позициите на пазарот и високото ниво на доверба и задоволство на потрошувачите, со посветеноста кон развојот на вработените, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти значајни за заедницата кои создаваат постојано позитивно влијание врз економијата во државата.

Со оддржување и промовирање на навиките за заштита на животната средина, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, беше еден од главните поддржувачи на еко-акцијата на Пивара Скопје за чистење на неколку километри од кејот на Вардар во пред-пандемичниот период во Скопје, во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, како еден значаен пример од многубројните заеднички партнерски соработки, кои сè уште траат и тоа во различни сегменти.

ПР

Поврзани новости