Белгискиот експерт Питер Ванхауте се очекува денеска во Собранието да присуствува на продолжението на седицата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, откако двете политички партии веќе неколку дена заглавија врз основа на кои законски акти ќе работи Комисијата, во врска со начинот и времетрањето на излагањето на сведоците и за тоа дали да има директен пренос на собранискиот канал на седници на Анкетната комисија.
Претседателот на Комисијата, Петре Шилегов од СДСМ вчера рече дека разговарал со Ванхауте и дека тој ќе дојде на седницата за да се произнесе во врска со одлучувањето, односно гласањето на претседателот на Комисијата во случај на еднаков број гласови. Ова е едно од неколкуте суштински прашања за кои членовите на Анкетната комисија не можат да се договорат и да го донесат деловникот за работа.