Постојат јасни индикации дека во Македонија има злоупотреба на власта но ЕУ не може тоа да го каже се додека не дојде до сериозна истрага за содржината на разговорите кои ги објавува опозицијата, изјави вчера Питер Фејт на првата програма на холандското НПО радио кое е дел од јавниот сервис на оваа земја.
“Снимките откриваат големи нарушувања на човековите права и изборни манипулации”, вели тој и додава дека е потребна истрага токму за овие откритија. Македонија, вели тој, има вистинска перспектива за влез во ЕУ и сега таа перспектива треба да опстои и на Македонија да и се помогне да ја надмине оваа политичка криза.За да надминување на кризата и за да се сочува препораката за членство сега е потребно, да има судска истрага и да се обнови демократксиот парламентарен живот во земјата но и да се избегне било каква тензија на меѓуетнички план.Владата мора да разбере дека треба да соработува во истрагата и посредништвото на ЕУ и да престане да ги негира фактите”, вели Фејт.
Според Фејт не треба да се драматизира околу меѓуетничката стабилност: «Разговарав со албанските политичари кои ги познавам од порано. Кај нив нема интерес да ја искористат оваа криза за нарушување на стабилноста». Но тој додава во однос на последниот инцидент во Гошинце можеби официјалната верзија е точна но можеби да е тоа и еден вид провокација. Но секако меѓуетничките односи треба да се набљудуваат без да се заборави пошироката перспектива како што е членството во ЕУ и во таа насока Македонија мора да продолжи по тој пат.