712
Европската унија негира дека изградбата на жичаната ограда на границата меѓу Србија и Северна Македонија е дел од некој договор со Белград.
Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, изјави дека Брисел им дава значителна финансиска и техничка помош на партнерите од Западен Балкан кога станува збор за управување со миграциите, а за таа цел во 2015 година издвои повеќе од 100 милиони евра за Србија.
– Сепак, тоа финансирање не вклучува изградба на огради, кои, како што беше погрешно објавено, не се дел од ниеден договор со ЕУ, истакна Писонро.
Радио Слободна Европа пред неколку дена објави дека Србија почнала да поставува жичана ограда на границата со Северна Македонија.