Писмо на Ајнштајн, во кое вели дека Бог е израз на човековата слабост, продадено за 2,9 милиони долари

by fokus

Писмото од 1954 година во кое Алберт Ајнштајн тврди дека  Бог е „производ на човековата слабост“ и во кое зборува за својот еврејски идентитет продадено е на аукција за речиси 2,9 милиони долари, изјави портпаролката на аукциската куќа „Кристис“.

Ајнштајн, во писмо адресирано до германскиот филозоф со еврејско потекло Ерик Гуткинд, за Библијата пишува дека е „колекција на благородни, но сепак примитивни легенди“.

– Зборот Бог за мене не е ништо други туку израз и производ на човековата слабост, напиша физичарот една година пред смртта.

Наддавањето за писмото траело само четири минути, а постигнатата цена е поголема, „Кристис“ предвидуваше дека ќе биде продадено за околу 1,5 милиони долари.

Ајнштајн писмото го напиша додека живееше во Принстон, американската сојузна држава Њу Џерси, како одговор на книгата на Гуткинд од 1952 година, во која пишува за еврејството, Израел и модерното време.

Поврзани новости