Нов земјотрес во близина на Нова Каледонија

by fokus

Нов земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистиран во Тихиот Океан во близина на француската прекуморска територија Нова Каледонија, откако час и половина претходно истиот регион го погодија потреси со јачина од 7,5 и 6 степени.

Последниот земјотрес се случил 7.43 минути по средноевропско време.

По најсилниот од трите потреси, што се случи во 5.18 часот по средноевропско време, кој според според Американскиот геофизички институт, бил на длабочина од 10 километри со епицентар на 160 километри источно од градот Тадин, Пацифичкиот центар за предупредување за цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови.

Според Центарот, во реоните на Нова Каледонија и Вануату можни се бранови високи од еден до три метри, а во областа на Фиџи до еден метар.

По ваквото предупредување, властите на Нова Каледонија и Вануату повикаа на евакуација на жителите на крајбрежните региони.

Во апелот им се препоралува на жителите да се оддалечат од брегот, да се засолнат на повиски места или да заминат во засолништа.

Првиот од серијата од трите потреси со интензитет од 6 степени според Рихтер, бил регистриран во 5.14 часот по средноевропско време.

Претставник на Дирекзијата за цивилна заштита и управување со кризи на Нова Каледонија изјави дека „добра вест“ во целиов случај е што при земјотресите нема жртви и не се предизвикани материјални штети.

Поврзани новости