Писмо-бомба експлодира во украинската Амбасада во Мадрид, повреден е вработен

by Fokus

Во експлозија на писмо-бомба во украинската Амбасада во Мадрид е повреден еден вработен што го отворил писмото, соопшти денеска шпанската полиција.

Припадник на персоналот на амбасадата се здобил со полесни повреди и е пренесен во болница, се наведува во полициското соопштение.

Според извори на кои се повикува агенцијата Ефе, пликот бил адресиран до амбасадорот и не поминал низ скенерот, туку го отворил чувар во градината на амбасадата.

Инцидентот го истражуваат форензичари и разузнавачките служби, се посочува во соопштението.

Просторот околу амбасадата е ограден. Полицијата го активираше антитерористичкиот протокол и го опколи просторот каде што се наоѓа дипломатското претставништво.

Поврзани новости