Писателка пред Собранието: Да сум јас на место на пратениците, би се убила

by fokus

Очигледен е револтот на демонстрантите кои излегоа денеска на протест пред Собранието против уставните измени.

Жаклина Михајлова, која е писател, во анкета за медиумите порача дека Македонија е на Македонците.

-Не пасе народот трева. Сега е време да се обединиме. Нема слобода под туѓ јарем. Македонија е на Македонците. Да им покажеме на овие велепредавници дека Македонија е наша. Една свеќа запалете за Македонија. Оваа земја е како пиреј. Светот ни се смее нам. Не сум убедена дека лесно ќе поминат уставните измени. Да сум јас на нивно место (политичари), би се убила – рече таа.

Драган Угриновски од „Македонија блокира“ им порача на пратениците да се вклучат во протестот.

-Пораката е да остане Македонија. Да остане јазикот и нема да дозволиме промена. Сите што сакаат да го сменат тоа во Собранието, не ги сметам за Македонци. Имаме голема поддршка, но власта ги уценува и ги држи дома, во страв. Им порачувам на пратениците да дојдат со нас. Ќе ги слават како херои во некоја друга држава. Ќе вршиме притисок да не успеат измените – рече тој.

Поврзани новости