Пирло наскоро ќе добие „нога“ од Јувентус

by Fokus

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло може наскоро да добие отказ од раководството на „бјаконерите“, пренесува „Ла Стампа“.

Според италијанскиот весник, управата на торинскиот клуб размислува за разделба со Пирло поради незадоволителните резултати на тимот оваа сезона.

– Сега во Јувентус размислуваат дали да чекаат крај на првенството или веднаш да се разделат со Пирло, пишува „Ла Стампа“.

Вчера, 9 мај, Јувентус загуби со 3:0 Милан во натпревар од Серија А. По овој натпревар тренерот објави дека не планира да го напушти тимот. Јувентус е на 5. место во поредокот со 69 бода.

Поврзани новости