Пиргов: Ако кај резервната гума имало туба со бензин тоа било кобно

by fokus

Според првичните информации за трагедијата која се случи во Бугарија, наводно пожарот избил од предниот дел од автобусот, а се појави и уште една шпекулација, односно дека кај резервната гума, имало туби со бензин.

Секретарот на Регионалниот совет за безбедност на Перник, Васко Пиргов, кој меѓу првите пристигнал на местото на настанот, смета дека возачот на опожарениот автобус возел со несоодветна брзина, повеќе од 100 километри на час, а се движел по десната коловозна лента.

-Првото што ми падна во очи беше дека шоферот не кочел. Нема шанса ниту да заспал, а бидејќи автобусот е нов, оставам само 10% за можна техничка неисправност, евентуално да откажале сопирачките, но искрено не верувам, вели Пиргов за nova.bg.

Тој појасни и дека автобусот удрил со предната десна гума во знак што летнал 5 метри. Според него, пожарот избил од предниот дел од автобусот, а според полицијата кај резервната гума имало туби со бензин.

– Во автобусот имало доста гориво, па мислам дека бил продупчен резервоарот, по што истекла нафта. Нафтата е тешко запавлива течност, но од искрите кои се појавиле од триењето на железосо железо, односно на автобусот од банкината, се создава пареа, како магла. Навлегувајќи во внатрешноста на автобусот се сомневам дека тоа најпрвин ги задушило, или ги зашеметило патниците. Вториот удар, кога запрел автобусот, некои велат, јас не сум видел, дека автобусот се запалил од напред, а наводно имало туби со бензин. Тоа многу лесно може да се докаже и верувам дека тоа ќе го направат истражните органи. Резревната гума се наоѓа точно напред. Ако таму имало бензин, тогаш тој гори многу брзо и за пет минути и затоа немале време да се спасат, единствено оние кои седеле на задните седишта, изјави утринава Пиргов.

Поврзани новости