Пипонска од „Анима Мунди“: Во било која нормална држава нема кучиња на улица!

by Fokus

Елена Пипонска од „Анима Мунди“ во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за проблемот со уличните кучиња низ Македонија.

Како што истакна таа, државата не покажала желба и капацитет да се реши проблемот кој трае долги години и не се најавува негово целосно решавање.

„Во Македонија секој може да вдоми куче, па после неколку дена откога ке се порадува детето и поради преголема обврска истото да заврши на улица. Во Македонија домашните миленици се размножуваат неконтролирано, а институциите немаат содветни мерки. Се согласувам со ставот на многумна кои ќе кажат каде и да отидеш во која било нормална држава нема кучиња на улица. И го поставуавм прашањето, а дали таму можеш да земеш куче и во моментот кога ке ти текне да го оставиш на улица без да имаш санкции. Ако сакаме да ги кажуваме оние нормални земји како пример, треба да го следиме примерот што прават за да го немаме тој проблем.“ – вели Елена Пипонска.

Поврзани новости