Приведени двајца битолчани кои краделе од РЕК Битола

by fokus

Полициски службеници од Полициското одделение Новаци вчера ги лишиле од слобода З.М. (21) и Б.К. (19) од Битола, осомничени за извршено кривично дело „кражба“.

Полицијата, како што информираа денеска од МВР, постапувала по пријава според која од магацински простор во кругот на РЕК „Битола“ биле одземени поголем број предмети.

Одземените предмети се пронајдени кај приведените лица и се вратени на сопственикот.

Поврзани новости