Пилот-херој од Африка, со мирна реакција спаси 55 животи

by irena 10:46
10:46

Сомалиска авиокомпанија го пофали својот пилот откако успеа да изврши итно слетување на авионот, кој имал техничка грешка, на брегот во близина на меѓународниот аеродром во Могадишу, Сомалија.

Сите 55 лица во авионот – 50 патници и пет члена на екипажот преживеаја без сериозни повреди.

Компанијата „Старски авиејшн“ нагласи дека смиреноста и брзата реакција на пилотот биле клучни за безбеден исход.

Според Управата за цивилно воздухопловство на Сомалија, екипажот на авионот „Фокер 50“ го пријавил проблемот кратко по полетувањето во вторник наутро и побарал да се врати на аеродромот, пренесува Би-Би-Си.

Авионот слета, но не успеа да застане на пистата и излета од пистата и заврши во плитка вода покрај брегот.

Точната причина за техничкиот дефект сè уште не е позната, а истрагата е во тек.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како патниците го напуштаат авионот и се оддалечуваат од остатоците на брегот на Индискиот Океан.

Африканската унија објави дека нивните сили и силите на ОН реагирале брзо и помогнале во спасувањето, додека на местото на настанот пристигнал и сомалискиот министер за транспорт.

Компанијата соопшти дека сите патници и членови на екипажот се безбедни, нагласувајќи дека смирената и решителна реакција на пилотот била клучна за спречување на посериозни последици.

Слични вести