Пиљаковски: Моето име е злоупотребено и демантирам дека сум автор на вулгарните песни

by Fokus

Даниел Пиљаковски, чие име денеска е најповикано во јавноста во однос на напишаните песни во стихозбирката „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт во кои се шири говор на омраза, дикриминација и сексизам тврди дека неговото име е злоупотребено и дека тој никогаш не пишувал песни, објави порталот АКО.

„Денес бев вчудовиден и крајно разочаран од сознанието дека моето име го има насекаде по социјалните мрежи и интернет страници, поради недолични и вулгарни песни објавени во збирката за песни од страна на Агенција за млади и спорт. Категорично одрекувам дека сум автор на тие песни. Мојот идентитет е злоупотребен од страна на Александар Блажевски. Ве молам да ми помогнете во разјаснување на овај случај , бидеќи ми се создаваат големи проблеми – се наведува во коментарот од Пиљаковски.

Според сознанија на АКО, Даниел Пиљаковски, чие име е најверојатно злоупотребено , е студент по фармација.

Поврзани новости