Пијаните гевгелиски лекари за смртта на родилката ќе одговараат пред суд

by fokus

Тројцата лекари од Гевгелија кои во алкохолизирана состојба породуваа родилка, ќе одговараат пред суд за смртта на жената и нејзиното новороденче.

Советот за оцена на обвинителните акти при Основниот суд – Велес донесе Решение со кое е покренато Обвинение против тројцата лекари  – еден анестезиолог и двајца гинеколози, соопшти Јавното обвинителство.

– Обвинението беше поднесено поради нивно несовесно постапување на 22.10.2015 година, при породување на пациентка во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, што резултираше со смрт на родилката и на нејзиното новородено. Решението за одобрување на Обвинителниот акт е донесено по приговорите поднесени од страна на обвинетите и нивните бранители.

Поврзани новости