387
Тројцата лекари од Гевгелија кои во алкохолизирана состојба породуваа родилка, ќе одговараат пред суд за смртта на жената и нејзиното новороденче.
Советот за оцена на обвинителните акти при Основниот суд – Велес донесе Решение со кое е покренато Обвинение против тројцата лекари – еден анестезиолог и двајца гинеколози, соопшти Јавното обвинителство.
– Обвинението беше поднесено поради нивно несовесно постапување на 22.10.2015 година, при породување на пациентка во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, што резултираше со смрт на родилката и на нејзиното новородено. Решението за одобрување на Обвинителниот акт е донесено по приговорите поднесени од страна на обвинетите и нивните бранители.