486
Дваесет и шестгодишна скопјанка, под дејство на големо количество на алкохол, кршела чаши и чинии вчера во угостителски објект во центар на Скопје.
Како што информира МВР, вчера во 12.30 часот во угостителски објект во центарот на Скопје дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Л.П. (26) од Скопје, која почнала да крши чаши и чинии во објектот.
Девојката била спречена и задржана од обезбедувањето во објектот до доаѓањето на полициски службеници, по што таа била алкотестирана и и било утврдено големо присуство на алкохол во организмот.