171
МВР информира дека вчера утрината во 07:40 часот во Гостивар, полициски службеници, од ОВР Гостивар го привеле Д.Ј.(49) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
По преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,63 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.