407
Пеесет и едногодишниот А.Д. вчера со секира им се заканувал на тричлено семејство, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 18.05 часот во Скопје на ул.“Јордан Мијалков“ А.Д.(51) од Скопје со секира во рацете им се заканувал на случајни минувачи, а во моментот кога Б.Ч.(40) го паркирал своето возилото, А.Д. со секирата се обидел да го повреди него и неговата сопруга М.Ч.(34) која била со нивното деветгодишно дете.
По интервенција на полициски службеници од Полициска станица Центар, А.Д. е совладан и приведен, извршено му е алкотестирање и констатирани се 1,78 промили на алкохол во крвта. Се работи на расчистување на случајот.