Тепачка на вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари

by Fokus

На вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ настанал тепачка, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 21,00 часот во Скопје на ул. „Индира Ганди“ во населба Шуто Оризари, на предизборниот митинг на ПП-ВМРО ДПМНЕ, М.К.(17) движејќи се низ масата се обидел да се качи на ѕид за да има подобар поглед, при што турнал друго лице со кое настанала расправија, по што и бил физички нападнат од неколку лица кои биле заедно со лицето со кое се расправал.

Во Градска општа болница констатирани му се телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости