На штипската крстосница меѓу улиците Мирче Ацев и Вита Поп Јорданова, вчера дошло до нарушување на јавниот ред и мир, откако 26-годишен штипјанец под дејство на алкохол со неговото возило прво удрил во тезга за продажба на производи, а потоа и во две паркирани возила.
„Имено, дошло до тепачка помеѓу предизвикувачот на сообраќајната незгода и двајцата сопатници од неговото возило од една страна и сопственикот на тезгата и негови двајца роднини од друга страна кои во меѓувреме пристигнале на негов повик“, соопштија од МВР.
Од полицијата истакнуваат дека заради воспоставување на јавниот ред и мир и контрола над учесниците во тепачката кои се оглушувале на дадените усни наредби да престанат со дејствијата полициски полициски службеник од службениот пиштол испукал еден предупредувачки истрел во воздух.