366
Пијан скопјанец вчера околу 19.20 часот ги претепат продавачите во колонијалната продавница „Максут Садик“ затоа што не сакале да му продадат алкохол. 23-годишната П.А. и едно 16-годишно дете се здобиле со повреди откако пијаниот маж ги нападнал со метална шипка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека С.Н. во алкохолизирана состојба влегол во продавницата и побарал да биде услужен со алкохол, но вработените го одбиле. Прво вербално ги нападнал, а потоа употребил и физичка сила. Со возило на итна медицинска помош биле префрлени во Градската општа болница “8-ми Септември“, каде од страна на доктор им се констатирани телесни повреди.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.