Пијалокот од кој се затру млад човек во Риека содржел детергент или средство за одмастување

by Fokus

Објавени се главните резултати од шишето од кое се напил младиот човек кој се отру во Риека, Хрватска.

Резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се совпаѓаат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужено, додека со анализата е утврдено дека се работи за високоалкални водени раствори. (pH=13,6).“, соопшти полицијата.

„Врз основа на утврдениот хемиски состав може да се констатира дека се работи за детергент и/или одмастувач. Понатаму, во 20 неспорни стаклени шишиња од истиот пијалок, добиени во оригиналното пакување, се пронајдени проѕирни течности со pH вредност од 3,5 , што одговара на pH вредностите на овие видови пијалоци.

Во врска со првиот пријавен настан на подрачјето на ПУ Загреб од 7 ноември, завршено е и вештачењето на течноста од пластичното шише безалкохолен пијалок при што е утврдено дека течноста од шишето има pH вредност од 2,59, што е исто така вообичаено за овој вид пијалок, а во течноста не се откриени соединенија што би било невообичаено за овој вид на пијалок“, соопшти полицијата.

Поврзани новости