Пецовски: Подготвен сум да ја направам компанијата „Реплек“ уште поуспешна

by Fokus

По уписот на промените во Централниот регистар ќе следи собрание за избор за претседател на Управниот одбор на „Реплек“ и подготвен сум доколку се укаже приликата да ја прифатам и да придонесам компанијата да биде уште поуспешна од досега, вели во изјава за „Фокус“, Душан Пецовски е еден од најголемите поединечни акционери во Реплек односно сега поседува 11,92 отсто од акциите во друштвото.

Тој за „Фокус“ потврди дека на вчерашната седница на Собранието на акционери се избрани нови членови на Надзорниот одбор на „Реплек“ , а тоа се Антонио Георгиевски, Славица Туџарова Трајковска, Петар Андреевски и Владимир Гашевски. Нивниот мандат ќе биде шест години и тоа сметано од денот на изборот, односно од вчера, 22 септември. Пецовски исто така потврди дека постои интерес тој да ја заземе челната позиција на Управниот одбор на компанијата.

-Новоизбраните членови на Надзорниот одбор за првапт се независни и невработени во команијата, што ќе допринесе за подобро корпоративно управување, сите членови се подеднакво изгласани од мнозинството акционери, по пролетните превирања сите акционери го поддржаа овој предлог, сите кандидати се докажани во своите области, правникот Гашевски, финансиерот Андреевски, докторката Трајковска, и комерцијалистот Геориевски се долгогодишни искуства препознатливи имиња во својот делокруг, вели тој.

Исто така на седницата беа отповикани довчерашните членови на овој одбор и ним ќе им престане мандатот по акционерското собрание, а тоа се Томовски Александар кој беше претседател на одборот, Димовски Томислав, Аврамовски Бојан и Јоксимовиќ Анастазија.

Според информациите на „Фокус“ одлукаата за избор на нови членови на Надзорниот одбор е донесена едногласно од над 72 проценти присутните акционери кои гласале и за одлуката за поделба на дивиденда од добивката за лани. На секој имател на обични акции ќе му се исплатува по нето износ од 918 денари по акција, односно бруто износ од 1.020 денари по акција. Вкупно, сите акционери ќе поделат 26.438.400 денари ( 430.000 евра).

Во компанијата годинава се случуваа и некои акционерски смени, а меѓу акционерите кои имаат над пет отсто од сите акции со право на глас сега е и Никола Туџаров синот на директорот на компанијата Иван Туџаров. Никола Туџаров поседува 5,79 отсто од акциите, од кои повеќето ги доби како подарок од татко му кој патем си даде оставка од челната позиција на друшвото. Сестрата на Иван Туџаров, Славица Туџарова Трајковска поседува 11,57 проценти од друштвото. Ситко Антонио ДООЕЛ има 6,10 отсто, додека 6,4 проценти се на Сава пензиски фонд. Браќата Пецовски, Душан и Владимир контролираат 17,71 процент од друштвото.

 

С.Т.

Поврзани новости