Мариче Пецова е првата жена осуденичка која во текот на вчерашниот ден го напуштила затворот „Идризово“, откако стапи на сила Законот за амнестија, дознава „Фокус“ од извори во затворот.
Пецова беше една од осудените во случајот „Керозин“, која заедно со својот сопруг и син, но и уште 13 лица, беа осудени како злосторничка група, бидејќи според пресудата преку неготинската фирма „Алма-комерц“ точеле помало количество нафта при набавките на државни институции, со тоа го оштетиле државниот Буџетот за околу 3 милиони евра.
Пецова зад решетки помина над пет години, а според правосилната пресуда од Апелација беше осудена на седум години, со што и беше намалена првичната казна од 11 години.
Нејзиниот сопруг Ангел Пецов и нивниот син Љупчо Пецов издржуваат деветгодишна казна.
В.В.