Маж демнел и се самозадоволувал пред девојчиња во Градски парк

by fokus

Маж на околу 40 години вчера околу 16.00 часот следел две девојчиња низ Градски парк, во близина на дискотеките. Случајот во полиција го пријавиле девојчињата, велат од МВР.

19-годишната С.М. и нејзината другарка го забележале прво мажот во нивна близина. Кога им се доближил, ги прашал дали сакаат да се запознаат. Девојчињата го одбиле, по што лицето се доближило зад клупата каде што седеле. Таму го забележале како се самозадоволува.

С.М. и нејзината другарка станале и се упатиле кон дискотеките, но лицето се движело кон нив, по што веднаш се јавиле во 192 , а по кратко време лицето си заминало. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

Поврзани новости