553
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во вечерашното гостување на ТВ 21 побара од премиерот Димитар Ковачевски да објасни за извесна фирма Токио комуникации и како премиерот го отстаил уделот на лице кое прима хонорар од Владата.
-Кога ќе излегува да објаснува за Пиксел груп, нека објасни и за Токио комуникации. Како го отстапил уделот на една личност за да не ја именувам која што има хонорарни примања во Владата на Република Македонија. Како го отпстапил уделот во Токио комуникации, дали го продал, дали го поклоник, ако го продал дали платил данок?“, праша пратеникот.