Денеска ќе биде сончево со слаб ветер

by fokus

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени, а дневната од 15 до 24 степени.

Во Скопје сончево време со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе биде до 5 степени, а дневната до 23 степени.

Викендов ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец.

Поврзани новости