Петрушева: Сумата од 700 милиони евра за „Скопје 2014“ не е за потценување

by Fokus

Сумата од 700 милиони евра потрошена на проектот Скопје 2014 воопшто не е за потценување, рече Ана Петрушева, директорка на БИРН Македонија Во своето излагање на конференцијата „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА“, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“.

-Базата на податоци се потпира исклучиво на документи. Од 40 промовирани објекти ние документираме 137 објекти и оваа база во моментот кога сме престанале да ја полниме достигнува вредност од 684 милиони евра. Тоа не значи дека тоа е сѐ, може да постојат договори и анекси до кои ние не сме успеале да дојдеме така што би рекла прилично сигурно е дека сумата може да биде поголема од ова, рече таа коментирајќи го видеото кое го подготиле на тема: База на податоци Скопје 2014 под лупа.

Петрушева потсети дека освен компјутерското рендер видео кое беше пуштено во 2010 за тоа како ќе изгледа центарот на Скопје, потоа имало многу малку информации за целиот проект, колку објекти ќе се градат, на кои локации. Токму затоа екипата на истражувачи потрошила 10 месеци во прибирање информации од општини, институции, јавни набавки за да дојдат до овие информации претставени во видеото.

-Тука има колку згради, мостови, порта итн. Како што се гледа по овие распределби 62% од објектите се згради. Во оваа база има вклучено документи од над 260 фирми и индивидуални автори. „Бетон“ добива 1/3 малтене од проектот. Ова се потрошените јавни пари за ова имаше доста и прашања поставувани но ние по методологијата решивме да се држиме исклучиво до јавните пари, постојат објекти и делови кои беа претставувани како 2014 кои не беа од јавни пари, на пример „галиите“ и оние НВО скулптури кои ги поставуваа. Но ние се фокусиравме на потрошените јавни пари, а поединечно низ истражувања ги следевме другите објекти“, изјави Петрушева.

Базата на податоци беше оригинално објавено на годишнината на земјотресот во 2015 година.

Таа исто така обрна внимание на тоа колку зградите од проектот Скопје 2014 се неквалитетно изградени.

-Во голем дел од тие згради кои беа изградени во рамките на овој проект, не функционираат и се неквалитетно изградени, имаат проблеми како на пример нуспати поплавување во МНТ, иста е ситуацијата и прилилно трагична во зградата каде што се Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј.“ СОЗР потрошила најмногу пари, МК, Град Скопје итн, рече таа.

Во заклучок, анализата на Петрушева нуди значајни увиди во структурата и финансирањето на „Скопје 2014“, истакнувајќи ја потребата за транспарентност и детална анализа на јавните проекти. Преку оваа работа, таа придонесува кон поголемата дебата за улогата на урбанистичките проекти во развојот на градовите и нивното влијание на општественото и културното ткиво.

Панел дискусиите се одржаа во Музејот на Современа уметност, во организација на Факултетот за работи што не се учат на конференцијата Школо за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА. Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“, која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, осум панелисти со различни погледи и искуства изложија различни мислења и аспекти за проектот Скопје 2014 ставен во кореалција со титулата која ја доби градот Скопје – Европска престолнина во 2028 година.

Поврзани новости