Петровски: Заев го вовлекува ВМРО-ДПМНЕ да му направи цензус на референдумот

by fokus

И Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ го потпиша меморандум на повеќе организации за бојкот на референдумот. На денешното потпишување присуствуваше Филип Петровски, поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека премиерот Заев се обидува да го вовлече ВМРО-ДПМНЕ да му направи цензус на референдумот.

-Од денеска ќе тргнеме од човек на човек, од роднина на роднина, од семејство на семејство, од врата на врата, од куќа на куќа, од влез на влез и ќе ја пренесме нашата порака дека Зоран Заев лаже и дека Република Македонија не смее да го смени уставното име. Зоран Заев лаже, секој ден лаже. Излажа дека ако изгуби на парламентарните избори дека ќе даде оставка, не даде, истото го нуди сега, ако изгубел на референдум ќе дал оставка, нема да даде. Го вовлекува ВМРО-ДПМНЕ да влезе да му направи цензус. Нема да ја прифатиме таа игра, ќе бојкотираме, референдумот мора да пропадне, а на 30ти септември паѓа и Владата на Заев – порача Петровски пред присутните.

Поврзани новости