Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на кампањата за бојкот на референдумот

by fokus

Триесет организации потпишаа денеска Меморандум за стратешка соработка со цел бојкот на референдумот.

Тие формираа т.н Кризен штаб за кампањата, а се предводени од Јанко Бачев од Единствена Македонија.

Во кампањата што ќе пропагира бојкот на референдумот се вклучија Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации.

Кампањата ја почнаа под слоганот „Македонија бојкотира“, а најавија дека ќе одат од врата на врата за да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.

Поврзани новости