Петровски: Мицко, напушти го Парламентот и потоа ние ќе те поставиме ти да владееш

by fokus

Филип Петровски од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на Фејсбук му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ги повлече пратениците од Собранието, а потоа ќе го поставеле тој да владее.

-Мицко, напушти го Парламентот. Нека прави Заев што сака. Се ќе му поништиме. Од корен. Ќе собереме 200.000 надвор и ќе има ново НАРОДНО СОБРАНИЕ. После владеј ТИ. Помогни да ја спасиме МАКЕДОНИЈА и ТИ ВЕТУВАМ ДЕКА НЕМА ДА ТИ ПРЕЧАМ.
#ТиСиМакедонија #БорбаДоКрај
Ние ќе те поставиме. Не ти треба Бејли, напиша Петровски.

Поврзани новости