Сенатори од Републиканската партија бараат Помпео да ги информира за средбата Трамп- Путин

by fokus 21:43
21:43

Претседател на Комитетот за надворешни работи на Сенатот, републиканецот Боб Крокер побара државниот секретар Мајк Помпео да ги информира сенаторите за средбата на претседателите на САД и на Русија во Хелсинки.

Сенаторот Крокер изјави оти се надева дека Помпео ќе дојде и ќе зборува пред Комитетот следната недела.

- Advertisements -

Сенаторот Линдзи Греам од Републиканската партија рече дека сенаторите сакаат Помпео да дојде и да им каже дали имало некаква зделка, договорена за време на средбата на Путин и Трамп.

Поврзани новости