445
Филип Петровски во вечерашното гостување на телевизија Телма на прашањето дали Груевски ќе влијае на идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ одговори: Јас мислам дека да.
-Ќе има доста разместувања и лобирања. ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија. Идниот лидер не смее да заземе страна меѓу најрадикалните вмровци и оние полибералните. Ако се примени консолидација ВМРО-ДПМНЕ во секој момент има повеќе поддржувачи од левицата, рече Петровски.