Петровски: Да го блокираме Собранието, нека влезат со хелихоптер на утрешната седница

by fokus

Филип Петровски од фракијата на ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието побара граѓаните да ги блокираат сите влезови и да не дозволат пратениците да влезат на утрешната седница, на која треба да почне расправата за договорот со Грција за решавање на спорот со името.

Нека влезат со хелихоптери на утрешната седница. Ги повикувам пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сите да си дадат неотповиклива оставка, рече Петровски, нарекувајќи ги пратениците од мнозинството предавници.

Тој претходно побара од Заев, Димитров и Шекеринска да се повлече договорот, велеќи „Нашето име е Македонија, предавнику Заев“, а побара и оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Поврзани новости