517
Филип Петровски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека Владата не треба да се жали во јавноста за протекувањето на зградата на Државниот архив, туку треба да го поправи.
-Ако има дупка на кровот, нека ја најде и нека ја поправи. Не да пишува текстови и да се жали во јавноста. Наместо да шири пропаганда, нека се фати за работа, рече Петровски.
Тој додаде дека архивската граѓа не е загрозена, туку дека најголем дел е во старата зграда.