Петровска: Славески, вашата плата ќе легне цела, а граѓаните од Алта банка ќе си ги земаат сопствените пари на рати

by valentina 19:23
19:23

Пратеничката Славјанка Петровска побара личен отчет од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, по ограничувањето на користењето средства од сметките на граѓаните во Алта банка. Таа порача дека, доколку потфрлил во заштитата на граѓаните, треба да поднесе оставка.

-Славески, Вашата плата ќе легне цела. Граѓаните од Алта банка ќе си ги земаат сопствените пари на рати, по 10.000 денари неделно!

Како со тоа ограничување да плати човек лекување? Како едно семејство да покрие кирија, сметки и храна за децата? Кој трошок да го одложат додека Вие ја „следите состојбата“?

Овие луѓе ништо не згрешиле. Работеле, штеделе и ѝ верувале на банка со дозвола за работа. Имале право да очекуваат дека институцијата што ја водите навреме ги проверува ризиците.

Затоа должите личен отчет: какви проверки претходеле на одобреното преземање, што покажувал надзорот и како се стигна до ограничување на повлекувањето пари?

Ако сте потфрлиле, поднесете оставка. Вашата функција носи одговорност и кога треба да се заштитат граѓаните.

Веднаш кажете им до кога ќе трае ограничувањето и како ќе им се овозможи да ги покријат неодложните трошоци.

На сите засегнати граѓани им порачувам: ќе барам одговори и во Собранието. Вашите заштеди се години работа и откажување. Не сте должни да плаќате за туѓи пропусти, напиша пратеничката на Фејсбук.

Слични вести