Петровска: Си ја видоа силата на протестите

by Fokus

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во дебатната емисија „Патот кон..“ на телевизија Алсат истакна дека од тридневните протести на ВМРО-ДПМНЕ нема официјални барања, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ имала прилики да докаже дека го штити македонскиот идентитет, но, за жал тоа не го покажала.

„Се поставува прашањето што е крајната цел на овие протести, ако сакаа да се пребројат – си ја видоа силата преку посетеноста или пак сакаат да го дефокусираат вниманието од она што се случува во Собранието. Блокадите се погрешна политика, бидејќи и пред неколку месеци спектакуларно најавуваа еден викенд, кога наводно требаше да се случи големо предавство на државата и тоа беше ексклузивно соопштено од страна на ВМРО-ДПМНЕ и еве сега гледаме дека тоа не е така. ВМРО-ДПМНЕ сакајќи да биде фактор на одлучување, стана фактор на дестабилизација, нагласи Петровска.

Поврзани новости