Ана Петровска која денеска на владина седница беше разрешена од директорската позиција во Државниот инспекторат за животна средина, вели дека останува да се бори за животната средина.
-Една нецела година служев во Државниот инспекторат за животна средина. Да бидеш менаџер на институцијата што на најнепосреден начин се грижи за спроведувањето на законите за животна средина е предизвик и привилегија. Благодарна сум на Владата и Премиерот за честа и довербата што ми беше укажана.
Тука сум, останувам во јатото на искрени и чесни борци за здрава животна средина, вели Петровска.
Таа вели и дека не била изненадена од одлуката, односно немала најава, но имала навестувања дека тоа ќе се случи.
Таа се враќа на сатрото работно место во Министерството за животна средина.