Само што пристигнаа хеликоптерите се повлечени од Пехчево

by fokus

Наместо да го гаснат пожарот во Пехчево, двата македонски и трите српски хеликоптери се враќаат назад. Ваквата одлука била донесена поради високите температури, поради кои се загрозува животот на екипажот. Штом температурите ќе се намалат, хеликоптерите ќе се вратат, појасни Стојанче Ангелов директорот на ЦУК.

-Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура.

Хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.
Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!, напиша Ангелов на фејсбук.

Поврзани новости